[ФОТО] Антониа Гиговска во секси издание потсети дека ѝ е роденден, младата мајка доби многубројни коментари под интересната фотосесија

Точка

22/01/2024

10:56

3.651

Големина на фонт

а а а

Објавувајќи интересна фотосесија на социјалната мрежа Инстаграм, младата пејачка Антониа Гиговска откри дека ѝ е роденден и дека полни 23 години.

На 21 јануари, Антониа по повод својот роденден покрај објавените фотографии на кои позира со огромна торта, напиша: „23“ со емотикон на срце.

Антониа изгледа неверојатно заводливо и прекрасно на фотографиите, а покрај неа главно место на истите зазема и огромната, шарена торта на три ката.

Инаку, тортата е направена од картон и е украсена со тул.

Антониа на фотографиите е облечена во сребрен градник и хеланки, на нозете носи високи потпетици, а роденденската фотосесија е неверојатна.

Под фотографиите бројни пријатели и фанови ѝ честитаа роденден, посакувајќи ѝ најубави желби во иднина:

„Најсреќен роденден убавице моја, само убавини и годинава да станеш светска ѕвезда“, „Среќен роденден убавице“, „Најсреќен“, „Среќен роденден Антониа, ти посакувам здравје и многу хитови“, „Среќен роденден и секогаш да си насмеана“...