Ленено семе или чиа семе: Ова се нивните здравствени придобивки, а еве што е подобро за слабеење

Точка

19/01/2024

13:45

11.329

Големина на фонт

а а а

Слабеењето не се однесува само на вежбање, туку и на здрави навики во исхраната. Здравите семиња се важен дел од нашата исхрана, а иако има многу опции, лененото семе и чиа семето се општо омилени. Двата вида се полни со хранливи материи како протеини, калциум и влакна.

Диететичарката Рамја Б. наведува некои од здравствените придобивки од овие семиња и открива кои се подобри за слабеење.

Здравствени придобивки од лененото семе

1. Антивоспалително дејство

Лененото семе е суперхрана која содржи омега-3 масни киселини. Тие помагаат во борбата против воспалението во телото и спречуваат оксидативен стрес. Лененото семе помага во спречување на разни воспалителни болести, како што е ревматоидниот артритис.

2. Здравје на цревата

Ова семе помага и во подобрување на здравјето на цревата бидејќи е богато со диетални влакна. Влакната ферментираат во дебелото црево и го подобруваат здравјето на цревата со производство на кратколанчани масни киселини.


3. Антидијабетичен ефект

Лененото семе изобилува со влакна и здрави масти. Доколку се зема редовно, може да ја подобри чувствителноста на инсулин.

4. Антиканцероген ефект

Поради уделот на антиоксиданти, лененото семе може да помогне во спречување или намалување на растот на туморите во телото. Тоа исто така содржи лигнани (фитоестрогени) за кои се верува дека го намалуваат ризикот од рак поврзан со хормоните и нивната нерамнотежа.

Здравствени придобивки од чиа семето

1. Намален ризик од срцеви заболувања

Присуството на алфа-линоленска киселина во чиа семето може да го подобри здравјето на срцето.

2. Здравје на кожата

Маслото од чиа семе може да помогне во лекувањето на егзема, наведува диететичарката. Тоа ја намалува зачестеноста на чешањето, промовира заздравување и ја подобрува хидратацијата на кожата.


3. Антиоксидативно дејство

Чиа семето има антиоксиданти, како што се кверцетин и кемпферол. Тие помагаат да се намали воспалението во телото и да се заштити телото од слободните радикали.

4. Го подобрува здравјето на цревата

Слично на семето од лен, чиа семето исто така ги подобрува добрите цревни бактерии и го промовира здравјето на цревата. Тоа спречува констипација бидејќи е добар извор на влакна.

Ленено семе или чиа семе?

Лененото семе е подобро за слабеење бидејќи има повеќе растворливи влакна. Тие помагаат во контрола на апетитот и даваат долготрајно чувство на ситост. За слабеење, можеме да земаме две лажици ленено семе дневно.

Лененото семе може да нѝ помогне да ослабнеме, но тоа треба да биде дел од исхрана која е полна со хранливи намирници. Редовната физичка активност е исто така важна.