[ФОТО] Нежни моменти помеѓу Дуа Липа и нејзиното ново момче: Парот снимен како се прегрнува и бакнува

Точка

18/01/2024

13:45

4.571

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа и нејзиното ново момче Калум Тарнер биле снимени како разменуваат нежности пред ресторанот „Sushi Park“.

Во вторникот вечерта, папараците го забележале новопечениот пар во моменти на искрена среќа. Двајцата биле фотографирани како се прегрнуваат и бакнуваат пред суши ресторанот, и со тоа се потврди дека пејачката повеќе не тагува по маркантниот Французин.


Дуа Липа била облечена во црн капут и панталони, а Калум носел бела маица, џемпер и панталони. Во еден момент актерот цврсто ја прегрнал пејачката пред да ја бакне.

Кратко по раскинувањето со францускиот режисер Ромејн Гаврас, пејачката и актерка најде нов партнер.


Британскиот актер претходно беше во врска со актерката Ванеса Кирби. Од друга страна, Дуа раскина со францускиот режисер во декември минатата година. Според медиумите, причината за нивното раскинување било тоа што Дуа Липа не сакала да ја забави својата кариера поради маж, а тој сметал дека таа е вистински „работохолик“.