Поранешниот борач Хулк Хоган (70) спасил тинејџерка која неодамна доживеала сообраќајна несреќа во Клирвотер, Флорида. Нејзиниот автомобил се превртел на кров, а Хулк ја извлекол од автомобилот со пријател. Со него била и неговата сопруга Скај Дејли (45).
„Вчечавечер заминавме од вечера во Тампа. Видовме автомобил кој се преврте пред нас. Искрено се восхитувам на мојот сопруг Хулк Хоган и на добриот пријател Џејк Раск што прискокнаа во акција и брзо ја извлекоа девојката од автомобилот“, напишала Скај на социјалните мрежи.
Таа додала дека тинејџерката била „неповредена, само навистина вознемирена, што било вистинско чудо“.
Причината за несреќата сè уште се истражува, соопшти полицијата.
„TMZ“ објави фотографии на кои се гледа како Хоган и Џејк учествуваат во акцијата за спасување. Хоган потоа се огласи на „X“ и рече дека користел пенкало за да ги дупне воздушните перничиња.
„Фала му на Бога, сега сè е во ред“, додал тој.
Целата ситуација ја искоментирала и менаџерката на Хоган.
„Тоа е типично за Хулк, тој има големо срце. Тој им помага и ги третира луѓето со најголема почит“, изјави Линда Бос.