Математиката секогаш е тука малку да го истренирате мозокот, а дали го знаете решението на оваа задача од основно училиште?
Истренирајте го мозокот присетувајќи се на основните математички операции.
Пред неколку години сличен математички „проблем“ се појавил на интернет и светот „полудел“. Луѓето веднаш ја започнале полемиката околу точноста на пресметување на математичката задача.
Обидете се вие да дојдете до решението на задачата.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
Еве како ние дојдовме до решението
Прво го пресметавме она што се наоѓа над цртата: 36:3 (8-6), a пред тоа ја пресметавме разликата во внатрешноста на заградата.
(8-6) = 2
Меѓу тројката и заградата нема знак, во тој случај се смета дека тоа е знак за множење. Поради тоа што множењето и делењето се еквивалентни операции, треба операциите да ги изведувате по ред.
36:3 = 12
12*2 = 24
Сега горниот број го делиме со долниот: 24:6 = 4
Значи, точниот одговор е 4.