Колку е паметен македонскиот народ? Објавена мапа на светот според просечниот коефициент на интелигенција - еве на кое место е нашата земја

Точка

11/01/2024

20:38

8.373

Големина на фонт

а а а

Веб-страницата „World Population Review“ објави мапа на светот според просечниот коефициент на интелигенција.

Јапонците се на прво место на оваа листа - нивниот просечен коефициент на интелигенција е 106,48. По Јапонија следат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,6), Финска (101,2), Лихтенштајн (101,07) и Германија (100,74).

Најнизок коефициент на интелигенција е измерен во Непал (42,99). Пред Непал се наоѓаат Либерија (45,07), Сиера Леоне (45,07), Гватемала (47,72), Зелено‘ртски Острови (52,5), Гамбија (52,68), Никарагва (52,69) и Гвинеја (53,48).


Во нашата земја просечниот коефициент на интелигенција е 81,91 и се наоѓа на 106-то место на листата. Од земјите во регионот, просечната интелигенција во Словенија е 98,6, во Хрватска е 95,75, во Грција е 90,77, во Србија 89,6, во Босна и Херцеговина е 88,54, во Црна Гора 85,78 и во Албанија е 81,75.

Коефициентот на интелигенција е вкупниот резултат добиен од збир на стандардизирани тестови или поттестови наменети за проценка на човечката интелигенција. Во овој случај, поттестовите вклучувале проценка на знаењето на математика и природни науки и читање.

Целосната мапа можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.