Утрото студено, преку ден сончево со умерена облачност

Нетпрес

10/01/2024

07:50

905

Големина на фонт

а а а

По студеното утро, денеска во Македонија во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури се движат меѓу минус 9 и минус 3, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од минус 1 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец, со температура до 3 степени.