Се продава најексклузивната лимузина на „Alfa“, една од 10-те произведени

Точка

09/01/2024

08:10

6.337

Големина на фонт

а а а

„Alfa Romeo Giulia“ се смета за една од најдобрите и веројатно последен возачки лимузини. Овој модел е апсолутен врв во гамата.

Еден од најретките модели „Giulia“ е оној потпишан од „Alfa Romeo Racing“, кој е произведен во десет примероци. Ќе го препознаете по карактеристичната надворешност, која јасно укажува на враќањето на брендот во Формула 1.

Иако титулата за најбрутална „Giulia“ ја носи „GTAm“, оваа верзија сепак има предност во однос на визуелното доживување. Тоа е автомобил кој го има тоа што го немаат „М3“ и „C63“, што е италијанска харизма и огромна спортска традиција, велат многу од фановите на „Alfa“.


А овој модел за нив е светиот грал и сосема е сигурно дека овој автомобил ќе ја достигне очекуваната цена од 90.000 евра. И тоа без разлика што се работи за четиригодишна Алфа со само 5.990 км. Секако, мораме да кажеме дека под хаубата се наоѓа фантастичен 2.9 V6 битурбо мотор, сега со 10 коњски сили повеќе. Тоа е одлична вест кога се комбинира со фактот дека автомобилот е полесен за 28 килограми од стандардниот „Quadrifoglio“.

Фотографии и опис на автомобилот можете да најдете ТУКА.

Автомобилот е во приватна колекција, а датумот на аукцијата е закажан за крајот на јануари годинава.