Несекојдневен инцидент се случил на Копаоник, кога чопор кучиња нападнале скијач на патеките.
Драматично видео од Копаоник се споделува на социјалните мрежи каде еден скијач бил нападнат од чопор кучиња.
Видеото е објавено на Инстаграм страницата „Kopaonikinfo“, а на истото може да се види скијачот којшто се спушта низ планината, а потоа во еден момент се појавува чопор кучиња.
Едно од кучињата дури успеало да го стигне скијачот и да го гризне за ногата. За среќа, мажот поминал без потешки телесни повреди.
Дејан Севковиќ е човекот којшто се занимава со обука на кучиња. Тој, после овој инцидент, дал краток совет како да се однесувате во такви ситуации.
„Најважно е да останете прибрани и никако не треба да продолжите со скијањето затоа што кучињата во чопор добиваат нагон за лов и доколку бегате, тоа само ги охрабрува да продолжат со напад. Значи, треба да застанете и да се свртите кон кучето кое ве брка, може да ја користите и вашата опрема за да ги исплашите кучињата“, изјавил Севковиќ.