Пари открива: Дали е исплатливо да се работи во германска фирма во Македонија?

Точка

25/12/2023

21:10

56.508

Големина на фонт

а а а

Најголемите 10 компании по број на вработени, а со германски сопственик, имале 12.052 вработени работници во 2022 година. Во истите овие компании во 2021 година имало 10.879 вработени, што значи дека најголемите германски работодавачи станале уште поголеми.

Германските работодавачи се значајни во македонското стопанство, а во над двесте компании коишто работат тука, има околу 20.000 вработени.

Порталот Пари анализира кои се најголемите германски работодавачи според бројот на вработени и дали се исплати да се работи во некоја германска компанија. Вкрстувањето на податоците покажува дека само една од ТОП десетте компании со најголеми плати е во групата ТОП 10 најголеми работодавачи со германски сопственик.

Податоците од БизнисМрежа.мк покажуваат дека работењето во малите компании со германски сопственик е најпрофитабилно. Тоа е очекувано, со оглед на фактот дека трудоинтензивните гранки секогаш се помалку платени.


Најсреќни се оние што работат во СНК теамс. Таму просечната нето-плата минатата година изнесувала 129.713 денари, а имало 11 вработени.

„СНК е компанија што комбинира стратегија, корисничко искуство, технологија и маркетинг, за да создаде извонредни искуства на клиентите. Нивната заложеност е да се зајакне интеракцијата меѓу компаниите и нивните клиенти, како и оживување на брендовите и производите“, пишува во претставувањето на оваа компанија од страна на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Најниска плата меѓу десетте работодавачи со германски сопственик што давале највисоки плати е во Друштвото за инженеринг и консалтинг Коленко. Таму имало 10 вработени, а просечната нето-плата била 66.862 денари.

Со повеќе вработени меѓу германските работодавачи што давале највисоки плати е Еколог од Тетово. Таму лани имало 170 вработени, а просечната нето-плата им била 89.694 денари. Компанијата е во дејност Вода, отпад и санација на околина.

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.