[ВИДЕО] КОД открива: Грабнувањето на Вања било планирано за неколку дена претходно, но грабнувачите се предомислиле – Палчо добил голема сума на пари од Швајцарија...

Точка

25/12/2023

11:28

14.604

Големина на фонт

а а а

Во вчерашната емисија на КОД, било откриено дека за грабнувањето на 14-годишната Вања постоел добро организиран план во којшто групата водена од Палевски имала строга хиерархија.

Во емисијата се вели дека грабнувачите на Вања, пред да ја грабнат еднаш веќе поминале пред зградата, а грабнувањето го планирале подолго време.

Тие го пронашле мртвиот агол за да не бидат фатени од камерите на „безбеден град“, така што претходно ја проучувале рутата по која треба да се движат, но исто така и паркинг местото каде чекале да дојде точното време за да ја грабнат Вања.

Откако го грабнале девојчето, Вања била однесена во подрумска просторија од која Палевски имал клуч, односно претходно била негова. Токму таму на девојчето му биле врзани рацете и нозете, по што било ставено во вреќа за спиење.

Што се однесува до „Цитроенот“ на велешанецот Жежовски, тој се движел по однапред утврдена рута со брзина на пешак, а со тоа се симулирало движењето на Вања до училиште.

Како што се наведува во емисијата, првите снимки доаѓаат од околната менувачница, а истите биле земени од страна на полицијата, пренесува „Фактор“.

Планот за грабнувањето на Вања грабнувачите сакале да го реализираат на 24 ноември (петок), но се предомислиле поради тоа што тој ден било многу раздвижено и прометно.

Првоосомничениот за двојното убиство кое ја потресе Македонија, Љупчо Палевски – Палчо, при бегството од Македонија, уште пред да почне официјалната истрага, во Србија преку брз трансфер добил голема сума на пари од Швајцарија, открива КОД. Палевски ги зел парите и со нив живеел неколку дена во Србија, по што стасал до Балибекир каде еден од соучесниците имал бизнис партнер.