Новата драма на Нетфликс во режија на Бредли Купер ги воодушеви гледачите, а љубителите на модата ќе забележат и дека костимографијата е на исклучително високо ниво. Заслугата оди на костимографот Марк Бриџис, кој сега е особено пофален за неговата успешна рекреација на иконскиот твид костум на Шанел.
Ликот на Фелисија Монтеалегра, која ја игра Кери Малиган, во една сцена при крајот на филмот оди кај лекар и дознава лоши вести. Токму за таа сцена во сценариото актерката мораше да го облече иконскиот твид блејзер на Шанел. "Тој момент беше фантастичен за мене. Многу е интересно кога работите се контрадикторни со околината. Ми се чини дека облеката овде функционира како некаков оклоп, заштита од лошите вести кои ги добила Фелисија", вели Бриџис.
Тој додава дека Фелисија била тип на жена која пазарела во скапите продавници на Петтата авенија, а косата ѝ ја средувал Кенет Бател во хотелот Плаза. Така, блејзерот на Шанел навистина и одговараше.
„Ако сакате да направите одело на Шанел, мора да го почитувате“, вели костимографот кој го направил токму тоа. За помош, тој се обрати на кој друг, освен споменатата париска модна куќа. „Ни испратија примероци од ткаенина, облоги и копчиња кои вообичаено се многу сопственички од нивна страна, а ни испратија и добро спакуван прототип одело за да може мојата шивачка, Ејприл Мекој, да испита како е сошиено.
Така Бриџис и неговиот тим успеаја да го рекреираат ова иконично парче облека. Костимографот додава дека сето тоа го направил само затоа што во сценариото пишувало дека актерката носи Шанел и тој морал да го направи најдобро што може.