И Германците добро печалат кај нас – кои фирми прават огромни приходи и профити?

Точка

19/12/2023

21:42

56.641

Големина на фонт

а а а

Германија е најголемиот трговски партнер на Македонија, но и многу нејзини компании најдоа добро тло за работа во нашата земја. Тука има над 200 компании со германски капитал и тие вработуваат над 20.000 наши сограѓани.

Сѐ што се случува во германската економија силно влијае врз нашата економија. Моменталната тамошна состојба не е розова. Германската економија е во рецесија, а кога таа ќе кивне, нас може да нѐ фати сериозен грип.

„Економската активност во ЕУ во 2023 година се очекува да остане слаба и да забележи раст од 0,7 %, додека во 2024 година растот е проектиран на 1,5 %. СР Германија, земја во која е насочен најголемиот дел од извозот на домашните компании, се очекува да закрепне и да забележи раст од 0,9 % во 2024 година, по проектираниот пад од 0,5 % во 2023 година“, се макроекономските проекции нотирани во Предлог-буџетот за 2024 година.

Порталот Пари, во соработка со БизнисМрежа.мк, направи анализа на десетте најголеми компании каде што во сопственоста има запишано и германски сопственик – по приход, добивка, број на вработени и плати.

Костел со најголем приход, но без добивка

Десетте најголеми компании по приход во кои има германски сопственик (може во сопственоста да има и друг сопственик, од друга земја или од Македонија) во 2022 година направиле приход од 466 милиони евра.

Притоа, најголем приход направила охридската Костел – 127,3 милиони евра. Но специфично е дека оваа компанија лани немала добивка, за разлика од 2021 година, кога направила добивка од 750.000 евра. Од друга страна, приходите на компанијата се зголемиле за 34 % од 2021 до 2022 година.

Ниту една друга компанија од ТОП 10 по приход со германски сопственик не е без добивка.

Како што може да се види од податоците, најприходните компании се поврзани со автомобилската индустрија, но тука е и Гентерм – глобална, иновативна компанија – лидер во областа на термални технологии, како и претставништвото на најпознатата компанија за пратки ширум светот, ДХЛ, а и нашата Везе Шари за производство на јајца, која има и германски сопственик.

Во продолжение Пари ексклузивно ви овозможува да видите кои се десетте најприходни компании со германски сопственик, и колкави приходи направиле.

ТОП 10 компании по приход во кои има германски сопственик, во 2022 година
(во милиони евра)

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.