Две години затвор, парична казна во износ од 529.000 долари и три години условна казна се резултат од активностите на поранешниот вработен во една американска компанија.
Мажот по име Миклос Даниел Броуди во 2020-та година бил отпуштен од компанијата „First Republic Bank“ во Сан Франциско, каде работел како експерт за „cloud“ решенија.
Како причина за отказот, се наведува дека тоа дека ја прекршил политиката на компанијата со USB кое содржело порнографија, односно со уфрлање на тој флеш на официјални компјутер.

После тоа одбил да го врати компјутерот, а за да се одмазди, го искористил својот профил за пристап во мрежата на банката и предизвикал штета проценета на повеќе од 220.000 долари.
Додека пристапот во мрежата не му бил прекинат, Броуди активирал скрипта за чистење на серверот, ги избришат гит логовите и историјата, пристапил на „GitHub“ и го избришал кодот, а во делот кој не го избришал напишал навреди.

Ни тука не сопрел, туку поднел лажна пријава дека лаптопот му е украден. Дури кога во случајот се вклучила Тајната служба, ги признал обвиненијата кои му се ставаат на товар.