Дела наместо зборови: Дали знаете кои 11 работи значат многу повеќе за еден маж од „Те сакам?“

Точка

09/12/2023

20:03

11.790

Големина на фонт

а а а

Делата често зборуваат погласно од зборовите, па затоа е време да се префрлите од зборови на дела, особено кога станува збор за љубовта.

Време е да ви претставиме некои од постапките кои јасно ќе му кажат на вашиот партнер дека го сакате, а притоа без да ги употребите тие два слатки мали зборови – „Те сакам“.


1. Кога прави нешто помогнете му, или, доколку го гледа омилениот филм или натпревар, дозволете му да го фокусира целото внимание таму.

2. По напорниот ден, погрижете се во чинијата да го чека омиленото јадење.

3. Дајте му мали комплименти и пофалби, кажете му колку е посебен.

4. Не го спречувајте да одвои време за себе, за своите пријатели и за омиленото хоби.

5. Прашајте го за совет, затоа што ви значи неговото мислење.

6. Повремено заблагодарете му за сите мали нешта кои ги прави за вас.


7. Сослушајте ги неговите грижи и проблеми, без да се обидувате да го обвинувате. Обидете се да го разберете и да ги сфатите неговите проблеми – и понудете му помош.

8. Секс – затоа што сакате да го видите среќен и задоволен.

9. Голема прегратка кога заминува на работа или кога доаѓа дома. Прегратката говори колку ви недостигал.


10. Почитувајте ги луѓето кои му се важни, дури и ако не е можно да се спријателите со нив.

11. Немојте постојано да го обвинувате за работи кои во повеќе наврати ги заборавил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг