На интернет можат да се најдат многу совети кои ќе ви го олеснат готвењето и ќе го скратат вашето престојување во кујната.
Меѓу нив има и многу совети кои на нашите баби и мајки им биле „нормални“, но подоцна со текот на времето како некако да се изгубиле.
Трикот којшто ќе ви го пренесеме денес е еден од таквите, а ќе ви покаже како најлесно да ги процедите тестенините после варењето.
Вообичаено цедалката ја ставаме во мијалникот, па потоа во неа ги ставаме тестенините од тенџерето.
Меѓутоа, тоа не е единствениот начин за цедење тестенини, а никако не и наједноставниот.
Оние поумешните тоа го прават на следниот начин: цедалката ја користат како поклопец за тенџерето, а потоа тенџерето го превртуваат за да истече водата, а тестенините остануваат во тенџерето.
Додека за некои ова е добар трик, за други ќе биде вистинско откровение, па секако не бидете мрзеливи и пробајте ја оваа техника следниот пат кога ќе варите тестенини.