[ВИДЕО] Конечно! Рафаел Надал најави враќање на теренот со тешко признание

Точка

04/12/2023

21:41

2.727

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави враќање на теренот по речиси една година пауза.

Сопственикот на 22 Грен слем титули признал дека стравувам како сè ќе се одвива но и дека е подготвен за нови предизвици.

„Но, не е колкот она што најмногу ме загрижува, туку сè останато. Мислам дека сум подготвен и верувам и се надевам дека сè ќе мине како што треба и дека ќе имам прилика да уживам во работите на теренот“, зборувал Надал во своето обраќање до навивачите и продолжил:


„Помина доста време, па се надевам, пред сè, дека повторно ќе ја почувствувам таа нервоза, тоа исчекување, тие стравови, тие сомнежи. Очекувам да од себе не очекувам ништо. Ова е вистината. Ќе се трудам да не го барам од себеси, она што претходно го барав во текот на кариерата. Верувам дека сум во друг момент, во поинаква ситуација, на неистражена територија“, изјавил Надал и на тој начин ги израдувал навивачите кои веќе се надеваат на тениска класика со најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг