Од вечерва и Интерпол трага по двојниот убиец Палчо, објавена меѓународна потерница

Макфакс

04/12/2023

20:03

6.856

Големина на фонт

а а а

Љупчо Палевски Палчо од вечерва е објавен на веб страницата на МВР дека се бара со потерница.

„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, стои во објавата на МВР.

По него МВР веднаш имаше распишано централна потерница, но од вечерва распишана е и меѓународна потерница што значи дека во потрагата се вклучува и Интерпол.


Инаку Палчо заедно со неговиот адвокат ја напуштиле Македонија, се упатиле во Србија, а потоа и во Бугарија. Но бугарските власти изјавија дека нема на нивна територија убиец кој се бара со меѓународна потерница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг