[ВИДЕО] Рецепт за лава колач: Десерт којшто се подготвува многу брзо, а е превкусен

Точка

04/12/2023

21:00

8.774

Големина на фонт

а а а

Лава колачот многумина го сакаат поради две причини, освен што е многу вкусен тој се подготвува многу лесно.

Лава колачот за многумина е омилениот десерт. Многу е вкусен, рецептот е лесен, а се подготвува брзо.

Состојки:

- темно чоколадо, 180 до 200 грама;
- брашно, околу 60 грама;
- 3 јајца;
- путер, околу 125 грама;
- ванилин шеќер, 1 ќесичка;
- шеќер, околу 150 грама.

Подготовка:

За почеток прво стопете го путерот и чоколадото и помешајте ги во еден сад. Јајцата изматете ги, а потоа додадете ги и двата видови шеќер, па брашното, а малку потоа и стопеното чоколадо и путерот. Постојано додека ги додавате состојките мешајте.

Смесата која ја добивте поделете ја во сад за печење, па потоа ставете ја во рерна која претходно сте ја згреале на 200 степени Целзиусови.


Колачот треба да се пече меѓу 10 и 15 минути, по што е подготвен за послужување. Пожелно е да сервирате со сладолед, но не е неопходно.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг