Скандал на шпанскиот двор: Кралицата Летиција со години го изневерувала кралот, се омажила додека била „смртно вљубена во друг маж – сакала да побегне со него и да имаат дете!?

Точка

04/12/2023

18:18

10.403

Големина на фонт

а а а

Поранешниот зет на шпанската кралица Летиција, Хаиме Дел Бурго неодамна изнел сензационални тврдења на сметка на познатата бринета.

Имено, тој тврдел дека бил во врска со Летиција пред да се ожени со нејзината родена сестра Телма и споделил селфи од кралицата како наводен доказ за нивната љубов.


Овој 53-годишен претприемач, кој моментално живее во Велика Британија, неодамна за една книга која се занимава со животот на шпанската кралица изјавил дека тој и Летиција сè уште имале чувства еден за друг кога таа во 2004 година стапила во брак со кралот Фелипе, нејзиниот сегашен сопруг.

Хаиме истакнал дека кога Летиција го запознала Фелипе, таа сè уште била во врска со него. Тој споделил и нејзино селфи кое го направила во бањата додека била бремена, а кое наводно му го испратила нему. На фотографијата таа е покриена со црна марама, а Џејми нагласил дека истата му припаѓа нему.


„Љубов. Го носам твојот шал. Поради неа чувствувам како да си покрај мене. Се грижи за мене. Ме штити. Ги одбројувам часовите до повторната средба. Те сакам“, пишува во пораката која наводно Летиција му ја испратила на Хаиме, а содржината ја објавил лично тој на социјалната мрежа „X“.

Иако неговите тврдења, како и самата фотографија кренале огромна прашина, многу интернет корисници се сомневаат во валидноста на оваа информација, со оглед на тоа што не постојат докази дека кралицата Летиција токму нему му ја испратила оваа порака и фотографија, Џејми последователно го деактивирал својот „X“ налог.


„Немаме коментар за тоа“, изјавил за „Фемаил“ портпаролот на шпанското кралско семејство апропо целата ситуација.

Хаиме, кој бил во брак со сестрата на Летиција, Телма, од 2012 д 2014 година, изнел низа наводи за неговата врска со кралицата за книгата „Letizia & I“ која ја потпишува познатиот шпански новинар Хаиме Пењафиел. Авторот за „El Cierre“ изјавил дека Летиција била големата љубов на Хаиме и дека нивната врска се претворила во големо пријателство откако таа започнала да се забавува со Фелипе.


Шпанските медиуми пренесуваат дека Дел Бурго планирал да ја запроси Летиција кога таа објавила дека е заедно со Фелипе, кој во тоа време сè уште бил престолонаследник. Откако била објавена свршувачката во 2003 година, славната Шпанка наводно го замолила Хаиме да биде сведок на нејзината венчавка.

Изјави на љубов, планови за развод, желба за дете, па ненадеен крај

Овој претприемач, сепак, тврди дека тој и Летиција продолжиле да имаат романтична врска и покрај нејзиниот брак, а како доказ ги зачувал нејзините пораки, фотографии и видеа. Тој навел и дека во 2010 година му рекла дека го сака додека лежеле во хамак покрај базенот во нејзината куќа.


Наводно, после тоа таа и Дел Бурго планирале да пронајдат начин Летиција да стане слободна, па дури и побарале правен совет и разгледувале недвижнини во Америка, пренесува „Дејли меил“.

Едно од најскандалозните тврдења на овој 53-годишник е она во кое тој открива дека заедно со Летиција планирале да имаат дете со помош на сурогат мајка во Лос Анџелес. Меѓутоа, таа во август 2011 година ненадејно ја прекинала нивната врска, јавувајќи му се со зборовите: „Не можеме повеќе да се гледаме“.


Наредната година Дел Бурго се оженил со помладата сестра на Летиција, Телма, која многу наликува на кралицата. Парот се преселил во Њујорк, но Телма истата година се вратила во Барселона, а во 2014 година објавила дека се разведуваат.