Општина Центар со препорака до јавните и угостителски објекти да ја прилагодат музиката согласно трагичната смрт на Вања

Макфакс

04/12/2023

13:24

1.053

Големина на фонт

а а а

Општина Центар по повод немилиот настан и трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во 9-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ дава препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката согласно жалниот настан.

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.