[ВИДЕО] Вака изгледа еден вообичаен петок во Манчестер: Она што го носат девојките за излегување ги подели мислењата на интернет

Точка

04/12/2023

11:58

10.188

Големина на фонт

а а а

Дали модата во Англија се разликува од онаа кај нас на Балканот или има повеќе сличности отколку разлики? Видеото кое го прикажува стилот на облекување на девојките во Манчестер е со опис - вообичаен петок.

А коментарите за стајлинзите се прилично спротивставени - едни немаат ништо против ваквиот стил додека други се согласни дека се изгуби мерката за добар вкус.

Трендовите дефинитивно се следат, преовладуваат провокативни фустани, тесни модели, длабоки изрези... Тука се и популарните „голи“ фустани какви што се гледаат на светската сцена.

Кога Бела Хадид во 2016 година прошета на црвениот тепих во Кан во „гол“ фустан, тоа беше моден шок. Но, 7 години подоцна се чини дека таквите модели се вообичаена глетка, а она што денес се нарекува провокативно во модата, придонесе за тоа речиси повеќе ништо да не е шокантно.

„Недостаток на моден вкус“, „Премногу инспирирано од емисијата 'Geordie Shore'“, „Најлошо е што мислат дека се добро облечени“, „Изгледаат прекрасно“, „Каде е тука проблемот? Добро се забавуваат, и изгледаат добро“, гласат спротивставените коментари на интернет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг