Многумина за оваа презгодна убавица велат дека е „чудо на природата“ – со причина.
Манекенката Еби Кленси е сопруга на славниот англиски фудбалер Питер Крауч и изгледа неверојатно. Со совршеното тело може да се пофали и по раѓањето на четвртото дете кое го родила во 2019 година, а веќе седум седмици по породувањето изгледала божествено.
И, сите се чудат како природата била толку благонаклонета кон неа...
Со популарниот фудбалер таа е во врска од далечната 2006 година и дефинитивно мажите имаат на што да му завидуваат затоа што Еби е на самиот врв на листата најубави и најзгодни жени на фудбалери.
Неодамна таа се појавила на еден настан во Лондон, облечена целата во бело и тешко било да се тргне погледот од нејзиното извајано тело, а уште потешко од нејзините совршени нозе со кои ги освојува модните писти.