Николовски: Со СДСМ евтина тарифа на струјата и субвенционирање на сметките до 90 отсто

Макфакс

02/12/2023

14:13

1.182

Големина на фонт

а а а

Над 1000 денари заштеда на месечната сметка за струја за домаќинствата, ќе донесе дневната евтина тарифа што втор ден е на сила, изјави Дарио Николовски од СДСМ на прес-конференција.

Според него, враќањето на евтината тарифа е во вистинско време, затоа што трошоците на граѓаните се зголемуваат во период на зима.

„Мерката е воведена за сите, но најмногу за оние кои внимаваат и штедат – посебно за нашите пензионери кои најмногу ќе ја користат! Секој ден од 13.00 до 15.00 часот граѓаните имаат зголемена можност за евтина струја и цел ден недела. Практично тоа е повеќе од 50% евтина цена за струја во текот на цела седмица. Инвестициите во обновливите извори на енергија коишто ги направи СДСМ во изминатите години носат бенефит за сите граѓани. Над 600 мегавати чиста зелена енергија, реализирани проекти кој овозможија да се ослободат евтини часови струја за домаќинствата. Преполовен е увозот на струја од 30 на 15% благодарение на овие инвестиции и цената на електричната енергија во време на енергетска криза е стабилна“, изјави Николовски.

Допонително, како што додаде, СДСМ го штити домашниот стандард на народот и мерката за субвенционирање на сметките за струја во висина од друри 90 отсто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг