Русија и Украина водат тајни преговори преку највисоките воени службеници Валериј Гарсимов и Валериј Залужни, тврди американскиот новинар Симор Херш повикувајќи се на анонимни американски службеници.
Добитникот на Пулицеровата во статијата, која ја објавил на платформата „Сабстак“, напишал дека Герасимов и Залужни наводно преговарале за фиксирање на границата на сегашната линија на фронтот што подразбира задржување на Крим и окупираните територии ДНР и ЛНР, но Херсонската и Запорошката област.
„Сериозните мировни преговори меѓу Русија и Украина се нагло забрзани, меѓутоа, нивната главна придвижувачка сила не се ни Вашингтон ни Москва, ни Бајден ни Путин, туку двајца високи генерали, началникот на рускиот генералштаб Валериј Герасимов и главниот командант на Вооружените сили на Украина Валериј Залужни“, наведува Херш.
Украина според тие наводи може да влезе во НАТО, но со обврска Алијансата на територијата под контрола на Киев да не поставува трупи или офанзивно оружје.
Херш наведува дека Белата куќа во целост се противи на предложениот договор.
„Американски службеник изјави дека на Зеленски му е ставено до знаење дека не е тој, туку војската таа што ќе го реши овој проблем, а преговорите ќе продолжат со него или без“, напишал Херш.