Лавров се врати во Москва прегу Грција и Турција: Министерот за надворешни работи на Русија најбараниот гостин во Скопје

Макфакс

01/12/2023

22:41

3.128

Големина на фонт

а а а

Авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој присуствуваше на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје, се врати во Москва, преку Грција и Турција, пренесува ТАСС повикувајќи се на интернет порталот „Флајтрејдер 24“, кој ги следи летовите во живо.

Лавров во Скопје присуствуваше на пленарната седница на Советот на министри на ОБСЕ и оствари повеќе билатерални и трилатерални средби со сегашниот и идниот претседавач со ОБСЕ, односно со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг.

Повеќе од 100 новинари ширум светот присуствуваа на прес-конференцијата на шефот на руската дипломатија, која траеше околу еден час и 15 минути, а тој беше најбараниот гостин во Скопје, пишува Нова.рс.

Лавров пристигна во Скопје во средата летајќи преку Грција, а не преку Бугарија, како што првично беше планирано, бидејќи Софија одби да го отвори својот воздушен простор за авионот на Лавров во случај да во него била портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја осуди одлуката на Бугарија како „апсурдна и глупава“.