[ВИДЕО] Славниот Адриано се врати на терен и тешко се посрамоти

Точка

01/12/2023

22:54

3.078

Големина на фонт

а а а

Фудбалската јавност во последните 20-тина година виде неколку одлични напаѓачи кои оставија голема трага, но вистинските романтичари секогаш повеќе ќе ги памтат оние кои можеле да направат многу повеќе.

Во таа конкуренција некако најмногу се истакнува Бразилецот Адриано. Поранешниот напаѓач на Интер важеше за еден од најдобрите напаѓачи на светот и му се предвидуваше голема кариера. Експресно Адриано дојде до елитата, но уште побрзо се тргна во грешна насока.

Започнал во Фламенго, а преку Парма и Фиорентина дојде до трансфер во Интер. Но, по смртта на неговиот татко повеќе не пружаше добри партии, им се предаде на пороците, во прв ред на алкохолот и го запостави фудбалот.

@nerdatleta44oficial Craques do Passado 🇧🇷 • Adriano 👑 ( Imperador ) #adriano #adrianoimperador #futebolbrasileiro ♬ som original - l_editsfut

Адриано ја заврши фудбалската кариера во 2016-та година, по неуспешниот престој во Мајами Јунајтед на само 34 години.

Дека повеќе нема магија во нозете на поранешниот ѕвер со топ во левата нога, најдобро можело да се види и по враќањето на тревникот во егзибициона средба, каде Адриано изгледал како прв пат во животот да гледа топка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг