Мистериозното воспаление на белите дробови сега и во Европа: „Отпорно е на антибиотици и ги погодува децата“

Точка

01/12/2023

22:17

3.131

Големина на фонт

а а а

Во Данска е зголемена стапката на микоплазма пневмонија, бактериска инфекција која е отпорна на многу антибиотици. Истиот патоген е виновен и за мистериозниот бран на воспаление на белите дробови кај деца.

Новата бактериска инфекција на белите дробови ја погодила Данска. По Кина, и во Европа пристигна болеста која е отпорна на пеницилин, пишува „Daily Mail“.

Експертите ја нарекле „синдром на бели дробови“, поради начинот на кој се гледаат штетите на белите дробови кај децата.

Во Данска е зголемена стапката на микоплазма пневмонија, бактериска инфекција која е отпорна на многу антибиотици. Истиот патоген е виновен и за мистериозниот бран на воспаление на белите дробови кај деца.


Микоплазма пневмонија се јавува како блага болест, слична на грип, а заразените патат од замор, температура, главоболка, болки во грлото и долготрајна кашлица. Најчесто се разболуваат деца од 6 до 12 години.

Данските експерти предупредил дека овој феномен, освен кај нив и во Кина, е забележан и во Шведска и Сингапур.


Кина: „Нема причини за грижа“

Кинезите порачале дека кај нив нема причини за грижа.

„Тоа е многу чест феномен во многу земји, а во Кина е ставен ефектна контрола“, рекол кинескиот министерот за надворешни работи Ванг Ји.

Граѓаните сметаат дека зголемениот број на случаи со респираторни болести е последица на укинувањето на ковид мерките и студеното време.




Спонзорирани линкови

Маркетинг