Зеќири осуден на две и пол години затвор, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Макфакс

01/12/2023

13:48

2.332

Големина на фонт

а а а

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.

Тој треба и да ги надомести парите кои државата ги плаќала поради неговите договори склучени во четири очи.

Нема да му се конфискува недвижниот имот во Чаир, ниту парите најдени во сефот на сопругата на Зеќири.

Според судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, Зеќири склучил договор во четири очи, без да се даде можност за конкурентски понуди.

„Мухамед Зеќири виновен е затоа што од април 2021 до март 2022 година, во својство на генсек извршил две временски поврзани дејствија. Како службено лице презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист. На 4.5.2021 година, без спроведување на јавна постапка, склучил договор со фирмата Интерхолдинг на износ од 795 илјади евра без ДДВ, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани кои не се достапни на органите на прогон“, кажа судијката Јанчулева Михаиловска во пресудата.


„Судот обвинетиот го осудува на казна затвор од 2 години и шест месеци, а во вака изречената казна затвор му се пресметува и времето поминато во притвор и куќен притвор. Се задолжува Мухамед Зеќири да ја надомести штетата 71.338.336 денари во рок од шест месеци по пресудата“, рече судијката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг