Креативната директорка на модната куќа „Вераче“ одамна донела одлука да го смени она што може да се смени на нејзиното лице.
Донатела Версаче се појавила на концерт на славната Мадона во Милано, во друштво на поп иконата Рок Ричи. Видеото разоткрило како изгледала сестрата на култниот дизајнер Џани Версаче.
За жал (повторно) тешко може нешто сега да се смени на лицето на Донатела Версаче. Многу од работите веќе се „обработени“, а како што коментираат поголем дел од луѓето не требало да биде така.
Секојпат кога ќе се појави Донатела, нејзиното лице е во прв план. Промените се навистина видливи, таа има драстични промени на нејзиното лице.
Поради што сестрата на култниот дизајнер Џани Весаче којшто бил убиен пред својата вила во Мајами во 1997 година одлучила од корен да го смени личниот опис и дали би била посреќна наместо операциите своите проблеми да ги решавала со други средства?
Ова долго време се прашувале експертите кои истакнуваат дека зад есктремниот број естетски корекции и пласични операции секогаш се кријат голем број проблеми кои се решаваат во хируршката сала.
Донатела од 1997 година управува со престижната модна куќа, во последните неколку години се соочувала со голем број професионални предизвици, а била најголема поддршка на својот брат додека тој го градел култниот моден израз.







