Помалку познат детаљ од биографијата на Здравко Чолиќ е дека тој бил уапсен во текот на 1980-тите во Охрид откако кај него пронашле поголема количина девизи, што во тоа време било строго забрането.
Имено, во тоа време одлучил да направи мала пауза од создавањето музика и одреден период да се занимава со индустрија.
Тогаш тој поминал три дена во Истражен затвор за што досега многу пати е објавено. Чолиќ во детали ја раскажал немилата случка од минатото и како се чувствувал кога со лисици го однеле во затвор.

„Од 1985-та до 1989-та година живеев во Загреб. Се презаситив од музиката, па со еден пријател инвестирав во машини за превоз на пластика. Пошироката јавност дозна дека се занимавам со приватен бизнис дури откако ме уапсија во Охрид, поради тоа што кредитните средства ги претворав во девизи, кои во тоа време поевтино се купуваа во Македонија, за разлика од Србија и Хрватска. Беше многу непријатно, луѓето купуваа девизи во селата со Албанци. Цело време ме следеа, не им беше јасно што правам таму во февруари, кога нема концерт ниту туристи. А јас бев натоварен, па ме пречекаа и ми ги зедоа сите девизи“, раскажувал Чолиќ.
Додал дека станувало збор за чисти пари, и дека не станувало збор за некој матен бизнис. Зборувал и како тоа за него било навистина непријатно искуство и за тридневниот притвор. Првиот ден го поминал во канцеларијата на началникот.

„Три дена бев во притвор. Првиот ден бев во канцеларијата на началникот. Ме почитуваа. Вода и плескавица, потоа ме испратија да спијам во хотелот, а следните три утра доаѓав на разговор, кој траеше од 8:00 часот наутро до 8:00 часот навечер. Тоа беше своевиден притвор со толеранција. По третиот ден, ме ослободи истражниот судија да се бранам од слобода“, открил популарниот Чола.
Тој објаснил и што му дофрлале на судијата луѓето кои го следеле судењето. Поединци му дале поддршка на пејачот, додека други сметале дека тој заслужува да биде казнет.

„Кога ќе дојдоа на судење, некои викаа „Тој е виновен, осудете го“, некои викаа „Каде го осуди човекот, па сите купуваме девизи“. И, секако, да дојде Анте Марковиќ да донесе закон за да можеме сите да купуваме девизи“, се присети тогаш пејачката.







