[ФОТО] „Вистински лицемер си, ова е толку одвратно и невкусно“: Манекенката поради бизарните фотографии ја „распнаа“ на социјалните мрежи

Точка

01/12/2023

23:09

8.121

Големина на фонт

а а а

Емили Ратајковски била прозвана поради фотографиите кои следбениците на социјалните мрежи ги окарактеризирале како фобија од дебелина.

Познатата манекенка (32), како што пишува „Page Six“, носела различни комбинации на облека додека неделава позирала за насловната страница на францускиот магазин „Le Monde“, но една фотографија особено привлекла внимание.

На фотографиите кои Ратајковски ги објавила на Инстаграм како дел од серијата која ја потпишува фотографот Оливер Хедли Пирч, бринетата е вовлечена во една ногавица од фармерките и како да сака да ја нагласи својата витка фигура и да укаже на разликата во големината.

Фотографијата потсетува на една постара реклама за слабеење, што на многу од следбениците им изгледала бизарна за снимање на моден едиторијал.

„Дизајнерите нема да изработуваат поголеми величини освен доколку не станува збор за фотографии каде слаба личност може да биде необична: „Невкусно“, гласи еден од коментарите.

Друга личност напишала: „Што е ова по ѓаволите? Толку невкусно и одвратно, како некој го прифатил ова?“.


Некој од луѓето ја нарекол „фотошопирн Џаред Фогл“ алудирајќи на човекот којшто ослабнал 136 килограми хранејќи се со „Subway“ сендвичи. Подоцна рекламирал филм, често позирајќи покрај своите поранешни панталони во реклами.




Спонзорирани линкови

Маркетинг