Пирс Морган ги откри имињата на членовите на кралското семејство објавени во книгата: Имале расистички прашања за бојата на кожата на Арчи

Точка

01/12/2023

08:26

3.431

Големина на фонт

а а а

Пирс Морган во новата епизода на шоуто „Пирс Морган без цензурирање“ ги откри имињата на членовите на кралското семејство кои наводно биле загрижени за бојата на кожата на Арчи, синот на принцот Хари и Меган Маркл.

Имињата се наведени во холандското издание на книгата на Омид Скоби за кралското семејство „Endgame: Inside the Royal Family and the Monarchy’s Fight for Survival“.

Тој откри дека во книгата пишува дека кралот Чарлс III и принцезата Кејт Мидлтон, сопруга на принцот Вилијам, се двете лица имале расистички прашања за изгледот на Арчи .

Во книгата, Скоби тврди дека Меган Маркл му напишала приватни писма на таткото на нејзиниот сопруг, Чарлс, во кои именувала двајца членови на кралското семејство кои учествувале во наводните вознемирувачки разговори за тенот на нејзиниот син.


Во последното издание на книгата објавено во Британија, кое ја опфаќа состојбата на британската монархија по смртта на кралицата Елизабета Втора во септември 2022 година, Скоби не ги именува членовите на семејството за кои се вели дека ја доведувале во прашање бојата на кожата на Арчи поради законите за клевета.

Сепак, во книгите кои беа преведени на холандски јазик и објавени во Холандија се испечатени имињата на луѓето кои имале расистички прашања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг