[ВИДЕО] Арапски прелиен колач без брашно: Најдобриот и највкусен рецепт којшто сите ќе ви го бараат

Точка

29/11/2023

16:00

6.814

Големина на фонт

а а а

Рецептот за овој лесен и прекрасен колач од гриз дошол и на нашите простори, а ќе се изненадите од тоа колку лесно се подготвува.

Во Македонија варијантите на овој колач се познати како раванија. Во секој случај, станува збор за колач којшто е добро натопен во сладок шеќерен сируп којшто се сече на коцки, а често во средина од секоја коцка има по еден орев или бадем.

Состojки:

- 5 јајца;
- 200 грама шеќер;
- 240 милилитри густ јогурт;
- 240 милилитри масло;
- 1 лажица прашок за печиво;
- 180 грама кокосово брашно;
- 350 грама гриз.

За сируп:

- 240 милилитри вода;
- 200 грама шеќер;
- 1 лажица вода од ружи;
- 3 лажици сок од лимон.

Подготовка:

1. Со миксер изматете ги јајцата со шеќерот, па потоа додадете го јогуртот, прашокот за печиво и продолжете да матите.

2. Потоа додадете го маслото и кокосовото брашно, па мешајте.

3. Додадете го гризот и мешајте додека смесата не стане компактна.

4. Прелијте ја смесата во сад за печење обложен со хартија за печење и печете во рерна загреана на 180 степени Целзиусови, околу 35-40 минути.


5. Потоа помешајте ги во тенџере состојките за сируп, па оставете ги да се варат 6-7 минути.

6. Исечете го колачот на коцки, па прелијте го со сирупот.

7. Посипете го со кокосово брашно.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг