Додека целиот свет расправа за тоа дали вештачката интелигенција во иднина ќе преземе контрола и така ќе го реализира сценариото кое сме можеле да го гледаме во холивудските филмови, студентите ги здружиле силите и организирале натпревар кој ќе привлече големо внимание.
Станува збор за „Fightbotics“, натпревар во изработка и борба со роботи наменет за студенти од подрачјето „STEM“, но и пошироката јавност. Како што истакнуваат организаторите, идејата е во текот на натпреварувањето тимовите да се соочат со различни инженерски предизвици како програмирање и радио-контрола, избор на конструкциски материјали и пресметки и дизајнирање на борбени роботи.
Изработените роботи потоа се борат во арена за борби при „Fightbotics“.
Како што додаваат организаторите, целта на овој проект е да се поттикнат студентите да го применат своето знаење во решавање на реални инженерски проблеми, да стекнат вредно искуство за работа во тим и да се запознаат со идни работодавци.
Оваа година „Fightbotics“ се одржува по трет пат, а веќе привлече рекорден број на учесници.
Самото одмерување на силите на изработените роботи ќе се одржува од 3-ти декември со почеток во 18 часот во клубот "Мочвара" во Загреб.