Погледнете ја трансформацијата на салата „Борис Трајковски“. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ, објави Бујар Османи, министер за надворешни работи.
- Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава. Северна Македонија изминатава година како претседавач на најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ покажа дека има голем капацитет да се носи со сите предизвици, рамо до рамо со најразвиените земји во Европа! – напиша Османи.
Целоснo пренаменетатa сала „Борис Трајковски“ во конференциски центар, која траеше повеќе од три месеци, е подготвена да ги прими делегациите на 76 земји, 57 земји-ученички на ОБСЕ и земјите од Медитеранската и Азиската група партнери за соработка или повеќе од 1.000 претставници на светската дипломатија.
Министерскиот совет ќе започне вечерва со неформална вечера на која ќе учествуваат дел од шефовите на дипломатиите на државите – учеснички на ОБСЕ. Официјално форумот ќе биде отворен утре во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој е пренаменет и подготвен за министерскиот состанок.