[ФОТО] Поранешната премиерка на Финска провокативна како никогаш досега: Позирала во танга бикини и предизвикала „лавина“ реакции

Супермен

29/11/2023

10:32

6.232

Големина на фонт

а а а

Поранешната финска премиерка Сана Марин предизвикала „лавина“ реакции во Скандинавија, откако позирала во бикини.

Меѓу фотографиите кои Сана ги објавила на „Инстаграм“, вниманието на јавноста посебно го привлекла фотографијата на која поранешната премиерка позира во танга.


„Дали си навистина среќна во самачкиот живот кога објавуваш вакви работи“, „Марин објавила фотографија во бикини – воу, каква убавица од плажа“, се само некои од коментарите под фотографијата.


Покрај следбениците, нејзината објава го привлекла вниманието и на скандинавските медиуми, кои со ред сите ја пренеле веста за нејзиното издание на плажата.


Потсетуваме, Сана Марин на почетокот на септември поднесе оставка од функцијата претседател на Социјалдемократската партија, со надеж дека ќе го оттргне вниманието од нејзиниот приватен живот, по четирите турбулентни години на чело на партијата.


Во 2014 година, 34-годишната Марин стана најмладата премиерка на светот, привлекувајќи го глобалното внимание и помагајќи да се зајакне имиџот на Финска.



Таа се појави на насловните страници на списанијата „Вог“ и „Тајм“, има милион следбеници на Инстаграм, а фановите ширум светот ја сметаат за прогресивен лидер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk