13 милиони прегледи: Момче и посвети бизарна тетоважа на својата девојка, па луѓето почнаа да го исмејуваат

Точка

29/11/2023

09:38

2.876

Големина на фонт

а а а

Еден дечко стана вирална сензација откако на ТикТок се појави видео на кое се тетовира во студиото „Betty Zoo Tattoo Studio“ во Копенхаген. Момчето решило да направи уникатна тетоважа како почит на својата девојка, а видеото е прегледано повеќе од 13 милиони пати.

На видеото може да се види како девојката го гризе за рака, а тату-артистот потоа со мастило ги црта трагите од нејзиниот загриз. Резултатот е таков каков е, а на публиката не ѝ требаше многу време за да почне да се потсмева во коментарите.

„Најглупавата идеја за тетоважа“

„Која е најглупавата тетоважа што можете да ја замислите? прашал тиктокер, а друг се надоврзал: „А што кога ќе раскинете?

„Најглупавата идеја за тетоважа...сакам таква“, „Ова е навистина лоша идеја“, „Не можам да замислам полоша тетоважа“, „Едвард Кален би го сакал ова“, „Зошто?“, се некои од коментарите. Сепак, имаше и такви на кои овој потег им беше „сладок“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг