„Замислував средовечна жена“: Овој божиќен хит е всушност отпеан од 13-годишно девојче

Точка

28/11/2023

19:42

2.388

Големина на фонт

а а а

Ноември и декември се резервирани за божиќните песни кои можат да се слушнат на секој чекор.

„All I Want for Christmas Is You“, „Santa Claus is Coming to Town“ и „Last Christmas“ се само дел од песните кои со години се слушаат за време на божиќниот и новогодишниот период.

„Rockin' Around the Christmas Tree“ е исто така еден од популарните божиќни хитови, а многумина останале изненадени кога дознале дека оваа песна оригинално ја отпеа Бренда Ли кога имала само 13 години. Видеото во кое се открива оваа по малку непозната информација го објави инфлуенсерката Хејли Калил и предизвика неверување кај нејзините следбеници.

„Таа е 13-годишно девојче кое звучи како да пиело и пушело 10 години, поминало низ развод и сега ужива во шопинг и гледање документарци за вистински злосторства“, „Дали јас сум единствениот што мислел дека ова го пее маж?“, „Нема шанси ова да е 13-годишно девојче“, „Замислував средовечна жена“, „Шокирана сум, невозможно е тоа да е дете“, се само дел од коментарите.

Бренда снимала песни и порано, на возраст од само 11 години, а се прослави со изведбата на песната „Jambalaya (On the Bayou)“ од Хенк Вилијамс. Инаку, песната „Rockin' Around the Christmas Tree“ ја напишал Џони Маркс, а Бренда Ли ја снимила во 1958 година. Оттогаш ја препеаја бројни уметници, вклучувајќи ги Ким Вајлд, Џастин Бибер и Камила Кабело.




Спонзорирани линкови

Маркетинг