Само неколку часа по смртта на негувателот Ристе: Угина Флопи, последната жирафа во ЗОО Скопје

Точка

27/11/2023

20:29

15.917

Големина на фонт

а а а

Денеска официјални лица на скопската Зоолошка градина информираа дека на 44-годишна возраст почина Ристе Трајковски, чувар и негувател во ЗОО Скопје.

„Рики друже, чувај ги горе Каспер и Тобого. Ќе фалиш“, напиша Тина Мицковска на својот Фејсбук профил, која е задолжена за односи со јавност во скопската Зоолошка градина.

Трајковски беше познат токму по љубовта и негата што им ги даваше на жирафите во ЗОО Скопје.

Рики друже, чувај ги горе Каспер и Тобого 💔 Ќе фалиш 😢

Posted by Tina Mickovska on Monday, November 27, 2023

Попладнево е објавена и информацијата дека угинала Флопи, последната жирафа во зоолошката градина.

Вработените во Зоолошката градина денеска неколку часа се обидувале да ја спасат жирафата, но не успеале. За смртта на Флопи се очекува официјално соопштение од ЗОО Скопје.

Претходно од салмонела угина жирафата Каспер, а потоа со силен отров беа отруени ретките пржевалски коњи, по што ЗОО Скопје го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми – ЕАЗА, пренесува „МКД“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг