Се трага по девојче кое исчезнало на пат кон училиште во Скопје, мајката бара помош

Макфакс

27/11/2023

13:12

8.297

Големина на фонт

а а а

Полицијата трага по девојче кое исчезнало утрово на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало.

За случајот, информираше мајката на девојчето на социјалните мрежи која побара помош.

„Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и’ се изгуби секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемперер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало, на пат кон Песталоци. Ако имате било каква информација јавете се на 075 400 816“, напиша мајката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг