Џуд Белингем се врати на терените по кратката пауза и тоа со директно учество, гол за Реал Мадрид во пресметката со Кадиз во Примера.
Белингем го повреди рамото на пресметката со Рајо Валјекано, потоа не играше против Брага, па беше отпишан за Валенсија и за обврските со Англија, пауза која дефинитивно му помогна, но според тренерот Карло Анчелоти играчи се уште не е 100 проценти подготвен.
-Се е во ред со Белингем. Тој се уште го има проблемот што го имаше, но добро е со заштитата, -порача Италијанецот.
Џуд има 14 гола и 3 асистенции на 15 средби во оваа сезона.