Најпознатите цитати на филозофот Лао Це кои ќе ве натераат да размислите: „Убавите зборови не се вистинити, вистинитите зборови не се убави“

Точка

27/11/2023

11:00

3.646

Големина на фонт

а а а

Лао Це се смета за еден од основачите на таоизмот и еден од најценетите филозофи на светот којшто зад себе оставил некои од најдлабоките мисли.

Тој бил роден во околу 570 година пред наша ера и е автор на клучното таоистичко дело „Книгата на патот и доблестите“, пишува „edukacija.rs“.

Во продолжение издвоивме некои негови цитати кои сигурно ќе ве натераат подлабоко да размислите.


Невремето никогаш не трае цело утро, ниту цел ден.

Учењето е како веслање нагоре, штом престанете веднаш ќе почнете да се движите наназад.

Нема поголема несреќа од тоа човек да не знае да се задоволи со она што го има и нема поголем грев од желбата за поседување.

Кој сака слатко, треба да знае да поднесе и горко.

Кој нема доверба во другите, ни другите нема да го почитуваат.

Природата никаде не брза, а повторно сѐ успева да направи.

Едно „еве ти“ вреди повеќе од десет „Бог нека ти помогне“.


Убавите зборови не се вистинити. Вистинитите зборови не се убави.

Грижи се за тоа што другите мислат и секогаш ќе бидеш нивен роб.

Лакомиот човек секогаш има двојна мака: како да заработи пари и како да ги потроши.




Спонзорирани линкови

Маркетинг