Откако ги поттикна гласините за брак, пејачката Адел неодамна беше фотографирана во јавноста како носи нов прстен на левата рака.
Имено, Адел присуствувала на НБА натпреварот заедно со нејзиниот партнер Рич Пол, а фоторепортерите на нејзината рака забележале нов прстен, кој најверојатно би можел да биде нејзиниот венчален прстен.
Adele spotted with ring on THAT finger after reports she’s married to Rich Paul https://t.co/ajNGCy92uc pic.twitter.com/yJSOvTLwkA
— Page Six (@PageSix) November 23, 2023
Фотографијата и веста доаѓаат откако пејачката ги подгреа гласините на шоуто на нејзиниот пријател Алан Кар во Лос Анџелес, каде од публиката потврди дека неодамна се омажила.
Интересно е тоа што Адел веќе се нарекуваше себе си сопруга на Пол за време на нејзините настапи во Лас Вегас, но тие сè уште официјално не го потврдија статусот на нивната моментална врска.
За потсетување, нивната романтична врска ја открија во јули 2021 година кога беа снимени на кошаркарски натпревар. Во мај минатата година на социјалните мрежи објавија дека се вселуваат во заеднички дом, а гласините за свршувачка почнаа во февруари годинава.
Адел претходно беше во брак со Сајмон Конецки, со кој го има 10-годишниот син Анџело. Од друга страна, Рич Пол има три деца од претходната врска - Реона, Ричи и Зејн, чии животи сака да ги чува во тајност.