Убавината секогаш ќе биде во окото на набљудувачот и не смееме да заборавиме дека убавината доaѓа исклучиво однатре.
Хороскопот, секако кога станува збор за женската убавина, особено е наклонет кон Вагите. Велат дека по нив сите се вртат, а за нивната убавина зборува цел свет.
Вагите често се сметаат за најубав знак на хороскопот, а вообичаено ги краси вродена елеганција.
Почесто отколку другите припаднички на хороскопот имаат симетрично лице, совршено обликувани усни, убави очи и слатки дупчиња на образите кои ги прават поразлични, поегзотични и на крајот попривлечни од останатите.
Покрај тоа, жените родени во овој хороскопски знак имаат изразена смисла за хумор, многу се вредни и позитивни, па луѓето сакаат да бидат во нивно друштво.
Бијонсе, Блејк Лајвли, Зендаја, Селма Хаек, Пинк, Камерон Дијаз, Софија Лорен, Ејми Вајнхаус и многу други дами во хороскоп се токму Ваги.