[ВИДЕО] Хаос на Стража: Десетици камиони и автомобили заглавени во снег, патот е непрооден

Макфакс

25/11/2023

16:47

7.919

Големина на фонт

а а а

Обилниот снег направи вистински хаос на патиштата низ Македонија.

На видеото може да се забележи предолгата колона со возила на превојот Стража.

Заглавени се десетици камиони и автомобили. На снимките се гледа дека патот не е исчистен и не е прооден.

Колкава е гужвата се гледа и на алатката „Гугл мапс“.

Од АМСМ информираа дека има забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци:

* Кичево-Стража

* Гостивар-Стража и Гостивар-Маврово

* Дебар – Маврово.

Автомотосојузот предупредува задолжително да се користат ланци на патниот правец Тетово-Попова Шапка.