Што мисли Бил Гејтс за вештачката интелигенција: „Доколку креираме општество во кое доволно е да се работи само три дена неделно...“

Точка

24/11/2023

22:27

7.046

Големина на фонт

а а а

Во неодамнешниот поткаст со Тревор Ноа, милијардерот Бил Гејтс говорел за вештачката интелигенција и влијанието кое таа би можела да го има врз работата на луѓето.

Кога Ноа му го поставил прашањето за заканата која вештачката интелигенција би можела да ја има врз работата на луѓето, Гејтс истакнал дека во иднина би можело да дојде до тоа луѓето „да не мора толку напорно да работат“.


„Доколку на крај креираме општество во кое доволно е да се работи само три дена неделно, тоа веројатно е во ред“, истакнал Бил Гејтс.

Би можел да постои свет во кој „машините би можеле да ја прават цела храна и работите“, а луѓето не мора да работат пет или повеќе дена за да заработат пари за основните животни потреби.

Иако има потенцијал за голем број позитивни промени, Гејтс во минатото предупредувал и на ризиците од AI, доколку истата се злоупотреби. Во јули на својот блог тој објавил 3.000 зборови со кои укажал на потенцијалното влијание на вештачката интелигенција.


„Не верувам дека влијанието на вештачката интелигенција би било големо како она кое го имала индустриската револуција, но секако дека би било големо колку што тоа беше со појавата на компјутерите“, вели Гејтс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг