За придобивките од црвениот корејски жен-шен: Коренот на животот – за младост и долговечност!

Точка

22/11/2023

14:29

4.775

Големина на фонт

а а а

Жен-шенот е лековито растение признаено со векови во Азија, кое во последно време станува се попопуларно на Запад заради неговите многубројни придобивки за телото.

Со неговиот уникатен и богат нутритивен состав, кој вклучува моќни антиоксидантни и антиинфламаторни соединенија, има низа здравствени придобивки за организмот. Од сите видови жен-шен, кинески, сибирски,м американски, хималајски… црвениот корејски жен-шен (panax ginseng) е еден од најистражуваните и со клинички потврдено дејство и ефикасност.

Црвениот корејски жен-шен е познат како крал на адаптогените. Тој се употребува со векови во народната медицина како средство кое што го потпомага здравјето на целиот организам. Неговото име Panax потекнува од грчкиот збор панацеа што буквално значи „билка која лекува се“. Жен-шенот има моќно имуностимулирачко, адаптогено, антистресно, тонизирачко, афродизијачко и закрепнувачко дејство. Ја зголемува физичката и психичката работоспособност, го подобрува дишењето и работата на белите дробови, го намалува заморот, го подобрува снабдувањето на мозокот со крв и кислород, потпомага на организмот да се адаптира на стрес и различни оптоварувања на органимзот.

Повеќе за црвениот корејски жен-шен прочитајте на следниот ЛИНК.