[ВИДЕО] Најпознатиот Јутјубер на светот се расплакал откако бил жив закопан една недела

Точка

21/11/2023

19:00

7.013

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот „MrBeast“ (25) има клаустрофобија откако бил жив закопан цела недела за целта на видеото кое сега има повеќе од 60 милиони прегледи.

„Не пробувајте го ова дома“, ги предупреди тој своите 212 милиони претплатници. „MrBeast“ кој бил облечен во одело, најпрвин бил спуштен во земја во проѕирен ковчег опремен со храна и вода, како футуристички вампир.

Тие, исто така, го опремиле ковчегот со камери за да го снимаат и да се осигураат дека ништо нема да тргне наопаку. Конечно, тој ги натерал своите пријатели да нанесат 10.000 килограми земја врз ковчегот.

Неколку пати заплакал

„Мојот живот му го доверувам на овој ковчег во следните седум дена“, изјавил „MrBeast“.

И покрај заштитните мерки, авантурата била психички тешка, поради што тој неколку пати заплакал. Постоела и загриженост дека нема да може да стане поради крвни згрутчувања во нозете по долгото лежење во затворен простор.

За среќа, тој страв не се остварил и инфлуенсерот неповреден го завршил своето привремено „погребување“. Со тоа го собори претходниот рекорд што го постави во 2021 година, откако беше жив закопан 50 часа.