Песок тортата е еден од најпознатите десерти кој се прави без печење. Се подготвува брзо и едноставно, т.е. доволно се само околу 30 минути за да се подготви.
Иако се работи за едноставен десерт, на трпезата изгледа навистина раскошно, а неговиот вкус е неверојатен.
Оваа торта се состои од три многу вкусни креми кои имаат потполно иста основа. Бидејќи основната крема е идентична, она што е различно се состојките што се додаваат за конечен вкус. Така еден крем е со вкус на ореви, друг со вкус на кокос, а третиот со бисквити.
- 1 литар млеко
- 4 пудинзи од ванила
- 300 гр. шеќер
- 250 гр. путер
- 200 гр. мелени бисквити
- 200 гр. кокос
- 200 гр. мелени ореви
- шлаг за декорација
1. Сварете четири пудинзи од ванила, но не според упатството на пакувањето, туку во 1 литар млеко. Потоа изладете го пудингот, па во него додајте го пенесто изматениот путер со шеќер.
2. Смесата поделете ја на три дела.
3. Во едниот дел додадете кокос, во другиот мелените ореви, а во третиот мелените бисквити. Додадете доволно состојки за пудингот да стане доволно цврст за да се размачка.
4. Во калап за колачи прво ставете од кремот со бисквити, па кремот со кокос и на крај кремот со ореви.
5. Украсете ја тортата со шлаг или чоколадо и овошје по ваш избор.